| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на патот Велес – Штип – едно лице загина, три се повредени

soobrakajki

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Велес – Штип, по градската депонија, во која животот го загуби едно лице, а три други се повредени.

Во сообраќајната несреќа учествувале два патнички автомобили, БМВ со радовишки регистарски ознаки, и БМВ со британски регистaрски ознаки. Како што информираат од МВР за „Нетпрес“, во сообраќајната несреќа што се случила синоќа во 21.45 часот починала сопатничката во БМВ со британски регистарски ознаки, а станува збор за 67-годишната М.Н од Свети Николе, а возачот М.Н. (42) и другиот сопатник од возилото со тешки телесни повреди се пренесени во велешката болница.

Возачот на  БМВ со радовишки регистарски ознаки, 33-годишниот Г.Ѓ. со тешки телесни повреди бил пренесен во велешката болница, а оттаму во Ургентниот центар во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top