| четврток, 6 декември 2018 |

Политичката криза и нејзините точки

Проф. д-р Јованка Кепеска

Проф. д-р Јованка Кепеска

Во актуелната политичка криза, што е предизвикана од желбата на опозицијата да ја преземе власта и поради специјални интереси на некои надворешни фактори, делови на населението, вклучувалќи се во нејзините манифестации, како да се идентифицираа со задоеност со протестите што наназад и се одвиваат во светот .

Без да ги објаснуваме општествено-економските причини за појавата на протестните движења, како и зошто и во наши услови се пројавуваат, ќе укажеме само на појавениот судир и дезориентацијата што тие ги  создаваат. Претседателот Ѓорѓе Иванов, во своето обраќање, отворајќи го „Охридското лето“,  укажа дека се наоѓаме на преодот од старото во новото, отсликувајќи ја, најдобро, на таков начин, современата реалност.

Движењата во светот, притоа, иако, сакајќи да се прикажат како „револуционерни“, не навлегуваат во општествените развојни потреби. Но не ја дефинираат опстојно ниту слободата освен некои од движењата што, во светски рамки,  придонесоа за некои од аспектите на слободата на личност. На пример, во шеесеттите години, сексуалната револуција. Или во естетизирањето преку критиката на социјалистичкиот реализам. Но тие не остварија севкупна човечка полнотија, а манифестираа често и во деструктивност.

За потрошувачкото општество, кое е на дело, познато е дека пројавува површност, имитирање (mimesis) и импровизации особено во слободното време. Моменталната слика од протестите, и кај нас оставена на улицата,  покажува дека, колку и да имаше претензија да пројави опозициски став, имитирајќи ги надворешните случувања и помодност не ги надмина таквите одредници. Инаку како би се појмило отсуството на содржински  придонес и залагања, да речеме, за социјалдемократски идеи иако присутните, или најголем дел од нив, припаѓаа на таков политички блок. Иако, делумно водени во инерција врз премисите на минатото општество или поради потребата за справување со вмровските идеи а со оглед на  нивниот интернационализиран однос кон народното и потребата за негова афирмација.

Со оглед на различната свест и вредносен систем, оттаму се пројави  и контрадикторноста на судирот.

Затоа што тоа се  пројави како политички сукоб со вредностите во живењето на мнозинството од македонскиот народ. Македонскиот народ, имено, како што е тоа случај и кај други народи,  историски, создавал свои  карактеристики што стануваат препознатливи одлики на неговата афтентичност. Мирниот или помирливиот однос, како менталитет на луѓето, што, според некои социолошки гледања, произлегува од античките Македонци, го создало препознатливото лице на нашиот народ. Така што човечноста на нашиот човек не е простото постоење туку се гради врз исправеноста (достоинството) , постоењето „простум“. Што станува и предоминантната карактеристика на македонскиот народ што говори дека зад мирниот пристап стои цврстината, доследноста, стои и увереност  во справедливост и заземен став околу исправноста. Ставот станува притоа  непогрешив и тврд.  Па оттаму и не може да изненади ставот и на Претседателот Ѓ. Иванов да не присуствува на последниот Самит на НАТО во Варшава, образложувајќи дека тоа е поради непочитувањето на одлуката на меѓународното право, меѓународните договори и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, со кои се обврзува да не се попречува приемот на Македонија во евроатлантската алијанса.

Затоа промената која се очекува во замената на старото со новото е во одбраната на човештината и вистинските човечки вредности. Само како еден момент можеме да споменеме во таа насока дека, не многу одамна, токму Претседателот Иванов укажа на потребата за соответна меѓународна политика за да се спречи економскиот бегалски бран од Африка и Азија, за да се засилат економските можности за луѓето во тие неразвиени региони преку некаков нов Маршалов план. Со цел населението да ја обезбедувајќи ја егзистенцијата и да се задржи во сопствените земји.

Опозицискиот пристап во политичката криза кој е предизвикот пред чувствата на народот и неговата духовната состојба затоа не може и да го определи  патот за нејзиното разрешување .

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top