| четврток, 6 декември 2018 |

Фил Џексон: Да се воведе „четворка“ во кошарката

fil dzekson

Кошарката во иднина би можела да стане уште поинтересен спорт доколку сериозно се разгледа новиот предлог на Фил Џексон. Трофејниот НБА тренер, кој сега е прв човек на Њујорк никс, сериозен е во изјавите за воведување на шут за четири поени во кошаркарскиот спорт.

– Не гледам зошто не би била воведена и четворка, на растојание од десет и пол метри од кошот. Не би било потребно многу време за играчите да се навикнат комотно да шутираат од тоа растојание. Со тоа ми им се помогнало на тимовите кои бркаат резултат и би се зголемила неизвесноста во самата завршница. Воведувањето на тројката имаше фантастично влијание врз играта и развојот на кошарката, истото ќе биде случај и со воведувањето на шут за четири поени – изјави Фил Џексон.

„Тројката“ за првпат е воведена во 1961 година во САД на растојание од 7,62 метри од кошот, додека ФИБА го воведе шутот за три поени во 1984 година на граница од 6,25 метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top