| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазил две млади момчиња, па заминал во смрт

Два часа по полноќ на автопатот Скопје – Тетово се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Според податоците од македонската полиција, 38-годишниот Р.Р. од Тетово, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во 38-годишниот пешак И.С. од селото Сарај, кој бил застанат на лентата за принудно запирање со своето возило „БМВ“ со непознат регистарски број. Возачот удрил и во 28-годишниот М.Х. од населбата Ѓорче Петров, кој, исто така, бил застанат до возило „хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од 28-годишниот Р.О. од Скопје.

Во незгодата на место починал Р.Р., додека со тешки телесни повреди се здобил И.С., кој е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Со телесни повреди се здобил и Х.М., кој по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top