| четврток, 6 декември 2018 |

Мртов маж со денови скапувал во својот дом

Хорор ја потресе Македонија викендов. Во 20 часот и 15 минути телефонски во полицијата во Охрид, 38-годишниот И.М. пријавил дека од куќата на 81-годишниот Б.Ѓ. во населбата Чекоштина се чувствувала непријатна миризба.

По консултација со Јавен обвинител, полициски службеници извршиле насилно отварање на влезната врата од куќата, при што во внатрешноста било пронајдено телото на старецот во фаза на распаѓање.

Екипа на Итна медицинска помош излегла на местото на настанот. но за жал можела само да констатира смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top