Владата на Република Србија на синоќешната седница донесе одлука да формира заеднички тимови од војската и полицијата.
Целата на овие тимови ќе биде да спречат илегални премини на мигранти на границата со Бугарија и Македонија. Според властите во Белград, Бугарија не ги контролира ниту границите, ниту мигрантите. -Задачата на воените и полициските сили ќе биде да го спречи нелегалното влегување на мигранти од Република Бугарија и Република Македонија. Во исто време тие ќе имаат за задача да им ги предадат на правосудните органи шверцерите на луѓе кои ја вршат оваа нелегална активност на територијата на Србија – се вели во краткото соопштение кое беше објавено ноќеска од прес службата на српската влада.
Српскиот министер за труд и социјална политика, Александар Вулин за време на посетата во градот Ниш отворено ја обвини Бугарија дека не си ја чува својата граници. -Во случајот имаме земја членка на ЕУ – Бугарија, која држи целосно отворени граници и нема никаква контрола над движењето на мигрантите. Во исто време Австрија и Унгарија целосно ги затворија своите граници. Србија нема да стои со скрстени раце помеѓу нив и да чека – рече Александар Вулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје