| четврток, 6 декември 2018 |

По „Брегзит“, „Хунгзит“ – Орбан ја подготвува Унгарија за излез од ЕУ?

orban

Унгарскиот претседател Јанош Адер минатата недела соопшти дека референдумот  за прифаќање или за одбивање на државните квоти на ЕУ за прием на емигранти ќе биде одржан на 2 октомври. На референдумот ќе биде поставено прашањето:Дали сакате ЕУ да одреди задолжително прифаќање неунгарски државјани во Унгарија, без согласност на националниот парламент?

Премиерот Виктор Орбан подвлекува дека неговата влада, која го распишува референдумот, со овој изнуден потег одговара на расположението на јавноста бидејќи смета дека воведувањето квоти за преместување на емигрантите без поддршка на луѓето е еднакво на злоупотреба. Тој изјави дека гласот против би бил глас за независност на Унгарија, а во случај на очекуван успех, 2 октомври би бил прогласен за Ден на слободна Европа!

Ваквите чекори на Орбан ја зголемија несигурноста на водечките лидери на тема за неговите вистински намери. Дали следниот чекор е „Хунгзит“?

Не е исклучено, бидејќи Орбан паралелно подготвува терен и за резервна варијанта на уцената на Брисел – останување или излегување од ЕУ. Меѓутоа, играта ја пренесе на сосема ново ниво, така што ги натера опозициските партии да го обвинат за заговор за излегување на Унагарија од ЕУ. Иако неговата позиција во врска со тоа сè уште е нејасна, има многу знаци дека официјална Бумипешта е подготвена на ревизија на својот статус во Унијата, бидејќи Орбан ја придоби нацијата во која мнозинството чувствува дека членството во ЕУ не им донело просперитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top