| четврток, 6 декември 2018 |

Еден убиен при престрелка пред полициската управа во Алмати

Најмалку еден полицаец е убиен утрово кога вооружен маж отвори оган пред зградата на управата на полицијата во центарот на казахстанскиот град Алмати, соопшти Министертсвото за внатрешни работи на Казахстан.

– Престрелката започна пред зоната на полициската управа во Амалинскиот Реон, по што мажот вооружен продолжи да се движи низ улиците на градот и да пука, изјави претставник на Министерството.

Според руски медиуми, напаѓачот најверојатно е припадник на „нетрадиционално верксо учење“.

Очевидци на настанот за западните медиуми изјавија дека виделе маж со автоматска пушка како бега од реонот на полициската управа. Други пак на социјалните мрежи објавија дека маж облечен во црно отворил оган врз група полицијаци, кои се обиделе да го запрат автомобилот што тој го управувал. По престрелката мажот побегнал во непознат правец.

– Штотуку дојде до престрелка меѓу полицијата и непознати напѓачи. Еден полцаец лежи во автомобил, целиот облеан во крв, а двајца други лежат на улицата, објави очевидец ма Фејсбук.

По настанот реонот околку полициската управа и седиштето на Комитетот за национална бебзедност во Алмати се блокирани од страна на полицијата. Во блокранриот регион се наоѓа и една оставена црна „Тојота“, која најверојатно ја управувал напаѓачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top