Со спектакуларен огномет синоќа беше затворен 14. по ред „Пивофест“. Александра Радовиќ ја започна последната вечер на фестивалот на пивото и на скарата со нејзините силни балади, за потоа атмосферата да заземе сосема поинаков правец.
Маестралните Дарко Петровиќ и неговиот „Биг Бенд“ немаше кого не кренаа на нозе.
За крај се чуваше секогаш енергичниот Аки Рахимовски, кој очекувано, доби најголеми аплаузи од публиката. Со неговите „Парни ваљак“, Рахимовски пееше доцна по полноќ, но на публиакта не и пречеше што денеска е работен ден.
Прилеп повторно беше полн, а останува денеска да се пребројат испиените пиво и изедената скара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.