Американските официјални лица потврдија дека се убиени тројца полицајци во престрелката во Батон Руж, како и дека се ранети уште тројца. Еден напаѓач е убиен.
Ранетите полицајци се во критична состојба. Како што пренесува „Раша тудеј“ еден напаѓач е убиен, но се верува дека уште двајца се во бегство.
Светските медиуми и понатаму немаат детални инфорамции за нападот, а се појавуваат различни информации за напаѓачите.
Градоначалникот на Батон Руж. Кип Холден наведе дека властите се обидуваат да утврдат за каква ситуација станува збор, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Портпаролот на полицијата Дон Копола за АБЦ телевизијата рече дека се ранети неколку полицајци и дека се префрлени во болница. Копола немаше повеќе информации за повредените, како ни за тоа кој е одговорен за нападот, пренесува „Ројтерс“. истакна дека местото на нападот е обезнедено.
Еден очевидец рече дека напаѓачот бил максиран маж, облечен во црно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


