Со венчавката на Сандра Станковиќ и Александар Ристески во црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник , денеска заврши 43-тата Галичка свадба.
Повеќе илјади посетители од Македонија и од странство имаа можност да проследат 30-ина оригинални свадбени обичаи кои започнаа од синоќа и продолжија денеска.
Годинава во центарот на вниманието беа зетот, 28-годишниот Александар Ристески, и четири години помладата невеста Сандра Станковиќ, двајцата од Скопје.
Манифестацијата Галичка свадба изобилува со многу карактеристични свадбарски обичаи и ритуали. Со овации и громогласен аплауз беше поздравена изведбата на „Тешкото“ – оро на печалбарите, кое го изведоа играорци.
Во двата дена, со звукот на тапани и зурли, беа преставени: канењето на сватовите, кумот, свекрвино оро, гледањето низ прстен, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, канењето на мртвите, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот и редица други обичаи кои биле дел од свадбените веселби на мијаците во минатото.
Свадбарската веселба синоќа се чувствуваше на повеќе локации и траеше до утринските часови.
Првато издание на Галичка свадба се одржало во 1963 година. Од 1990 година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од галичко семејство.
Во Галичник, една најголемите населби во мијачкиот крај, сега постојано живеат само двајца жители, но околу празникот Петровден доаѓаат илјадници посетители и туристи, а најбројни се токму за манифестацијата Галичка свадба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Викендов Галичка свадба – Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот
-
Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженците на 45. Галичка свадба
-
Избрани невестата и зетот на Галичка свадба 2018
-
National Geographic ја прогласи Галичка свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа