Терористот Мохамед Булел испратил повеќе застрашувачки СМС пораки на неколку минути пред да тргне во крвавото возење со камионот низ шеталиштето во Ница. Според пораките, тој лежерно се подготвувал за терористичкиот напад.
При рентањето на камионот навел дека бара „најтешко достапен камион“ и добил камион тежок 19 тони. Потоа тој минал неколку дена возејќи нагоре и надолу по шеталиштето Promenade des Anglais, за да ја утврди патеката која ќе биде најсмртоносна.
Меѓу текстуалните пораки, кои се обелоденети, се следните:
„Донесете повеќе оружје. Јас несам за 5“, судски извори потврдија за Француската телевизија.
„Тоа е добро. Имам опрема“, стои на крајот на претходна порака.
Пораките се испратени само неколку моменти пред да оди да гази невини луѓе по шеталиштето.
Пораките се пронајдени на мобилен телефон во камионот, заедно со дозвола и кредитна картичка на возачот – терорист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.