Непосредно пред убиството пакистанстанската Ким Кардашиан побарала заштита од полицијата бидејќи стравувала за нејзината безбедност. Позната како Кендал Балоуч (26), нејзиното вистинско име е Фоузиу Азим, била навистина популарна на социјалните мрежи. Застапувајќи го ставот дека женската сексуалност треба да се слави, си го загрозила животот бидејќи во Пакистан тие теми се особено „недозволиви“.
На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека има нависитна експлицитни фотографии и многу следбеници, особено мажи.
Нејзините браќа, како што објасниле во полиција, морале да ја убијат за да ја одбранат честа на семејството.
Ја убиле со давење во нивната семејна куќа, а за тоа знаел и таткото. Како што ѝ објасниле на полицијата, тоа го направиле за да ја одбранат честа на семејството.
Како што објавуваат медиумите, нејзините браќа побарале од неа да престане со објавување фотографии. Таа не го послушала, продолжила на „Инстаграм“ да поставува фотографии и видеа со провокативна содржина. Тоа уште толку ги разбеснило конзервативните браќа, кои без многу размислување донеле одлука да ја задават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.