Репрезентацијата на Мали забележа голема победа против Нигер од 1-0, а конечно во четвртиот натпревар на африканскиот фудбалски шампионат една селекција прокнижи 3 бода. Во Порт Елизабет, одлуката падна во 84. минута кога Сејду Кеита ја погоди мрежата на Нигер. Мали сега е лидер во Б групата со 3 бода, пред Гана и ДР Конго кои претходно ремизираа 2-2. Нигер е без бодови по првиот круг.
Победник немаше на стартните две средби во А групата, а во Јохансесбург кој е домаќин на таа група гледачите не видоа ниту еден гол. Јужна Африка разочара во премиерниот меч против Кејп Верде со ремито без голови, а идентично беше и на дуелот Мароко – Ангола.
Утре во Рустенбург, од 16 часот мисијата за одбрана на трофејот ќе ја почне Замбија против Етиопија, а подоцна од 19 часот Нигерија е фаворит против Буркина Фасо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


