Андре Агаси вечерва во Умаг едвај го издржа загревањето и тогаш стана јасно дека повредата на грбот на асот е толку голема што тој повеќе не може да игра ниту егзибициски натпревари.
Андре Агаси настапи во ревијалниот дел на свеченоста на отворањето на преименуваната сала во Умаг, која од денеска го носи името на Горан Иванишевиќ.
-Многу ми е жал што не можам да ви пружам уживање, но стар сум, не е ништо чудно, рекол Агаси и му го предал рекетот на Фереро, кој продолжил да игра со Иванишевиќ.
На свеченоста присуствувал и самиот Иванишевиќ, а во негова чест присуствувале и Андре Агаси и Хуан Карлос Фереро.
-Светски тенисер сонува некој терен да го носи неговото име. Горан, ти го доби овиј, ти честитам, рекол Фереро, а Иванишевиќ се насмеал на своја сметка.
-Ова не е добар знак, веројатно нема да умрам вечерва. Олку млад да добијам свој стадион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.