| четврток, 6 декември 2018 |

Каналите се во мода во регионов: Турција ќе ги поврзува Црно и Мраморно море!

Очигледно изградбата и поврзувањата на канали се во сферата на интерес на земјите во регионот. Освен Србија, која сака Дунав да го поврзе со Егејското море, преку Македонија, амбиција да гради канал, но поморски изрази и Турција, пишува „Фактор“.

Во текот на  следниот месец Турција ќе започне со изградба на поморски канал, кој ќе ги поврзува Црното и Мраморното Море, најави турскиот министер за транспорт Бинали Јилдирим.

Според турските власти, целта на овој проект е да се намали преоптоварениот поморски сообраќај низ Босфорскиот Проток. Со изградбата на каналот европскиот дел на Истанбул ќе биде претворен во еден голем остров, додаде Јилдирим.

Се предвидува низ новиот канал, кој ќе биде со должина од 45 километри, да биде пренасочен целиот сообраќај од околу 50.000 товарни бродови и танкери кои сега годишно минуваат низ Протокот во Истанбул.

– Кога каналот ќе биде готов танкерите повеќе нема да претставуваат опасност за Истанбул. Босфорот во иднина ќе го користиме само за социјални и културни активности, нагласи Јилдирим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top