| четврток, 6 декември 2018 |

Во велигденската честитка Обама предупреди на прогон на православните во земјите на Блискиот исток

Во велигденската честитка до православните христијани низ светот, американскиот претседател Барак Обама предупреди на прогонот на православните во повеќе земји на Блискиот Исток.

-За милиони православни христијани ова е радосен празник, но и потсетник на жртвите кои Исус ги направи за да имаме вечен живот. Неговата одлука да одбере љубов соочен со омраза и надеж соочен со очај, е пример кој секогаш треба да го следиме. Но, подеднакво е важно да запомниме дека оваа година членови на православната заедница се соочени со прогон и насилство, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка. Со децении овој дел на светот беше збогатен со присуството на православните заедници во земји како Египет, Либан, Сирија и Ирак. Како нација, ние ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата на универзалните човекови права, како што е правото на вероисповед, се наведува во велигденската порака на Обама.

Се проценува дека половина од 1,5-те милиони припадници на христијанската заедница во Ирак побегнале од земјата за времеа на граѓанската војна која уследи по меѓународната интервенција за уривање на режимот на Садам Хусеин во 2003 година. Животот на коптската заедница во Египет, чија бројност се проценува меѓу пет и 15 милиони, станува се потежок по „Арапската пролет“, која на власт го донесе исламистичкото Муслиманско братство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top