Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека сите припадници на персоналот и на воените единици на Алијансата во Турција се безбедни и го поздрави масовното иузлегување на Турците на улица за време на обидот за пуч.
Столтенберг на Твитер објави дека разговарал со врховниот командант на НАТО американскиот генерал Кертис Скапароти кој „потврди дека сите припадници на персоналот и на единиците на Алијансата во Турција се безбедни“. Тој нагласи и дека граѓаните имаа клучна улога во запирањето на обидот за воен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган.
- Ја поздравувам силната поддршка, која народот и сите политички партии ја покажаа кон демократијата и демократски избраната Влада во Турција – напиша Столтенберг на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Столтенберг ја поздрави одлуката на македонското Собрание
-
Столтенберг: Ако Договорот се спроведе, Македонија можеби ќе стане членка во 2019
-
Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, искористете ја шансата на 30 септември