Хаосот во Турција по синоќешниот обид за државен удар се уште трае. Цела Турција е на нозе, блокирани се патиштата но и сите останати можности за влез и излез од Турција.
Во моментов во Турција се наоѓаат и многу познати светски фудбалери кои овие денови требаше да одиграат хуманитарен натпревар. Учество најавија Лионел Меси, Андрес Иниеста, Луис Фиго, Деко, но и поранешниот капитен на Барселона, Карлос Пујол, кој единствен контактирал со шпанските медиуми.
– На сигурно сме. Неколку од нас кои требаше да учествуваат на хуманитарниот меч допатувавме малку порано во Турција, а останатите се очекуваа денеска и утре. Но, сега сето тоа е откажано, а ние чекаме нови информации. Се надеваме дека во следните часови ќе ја напуштиме Турција – истакнал Пујол за шпанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.