
Екстремистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот во Ница, при што загинаа 84 луѓе, а над 200 се повредени.
Претходно, француската полиција соопшти дека утрово во Ница се уапсени три лица под сомнение дека биле поврзани со напаѓачот. Полицијата се обидува да разјасни дали 31годишниот Мохамед Булел од Тунис, сам дејствувал или имал соучесници и дали неговите мотиви се поврзани со радикалниот ислам. Вчера е приведена и неговата поранешна сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


