| четврток, 6 декември 2018 |

Светските лидери загрижени за состојбата во Турција, Сиријците слават

пуц

Светските лидери се загрижени за случувањата во Турција. Високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини изјавила по тој повод дека е во контакт со ЕУ делегацијата во Анкара. Таа на својот твитер профил повика на смирување на ситуација во Турција.

И додека светските лидери повикуваат на смирување на ситуацијата и враќање на правниот поредок во Турција, во Сирија се слави.

Над стотина луѓе слават на улиците на сирискиот главен град Дамаск рано утрово, а се слушала и славеничка стрелба откако  беше објавено дека турската војка го симна од власт Ердоган, еден од најголемите опоненти на сирискиот претседател Башар Ел Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top