| четврток, 6 декември 2018 |

И опозицијата во Турција застана зад Ердоган

„Оваа држава страдаше многу од ваквите удари. Не сакаме тие потешкотии да се повторат„, рече Ќемал Диричдароглу, лидер на Републичката народна партија во писмена изјава. Тој истакна дека секогаш ќе стои на страната на Републиката и демократијата и дека „неговата партија целосно зависи од волјата на граѓаните како неопходен инструмен на парламентарната демократија”.

Лидерот на Националното народно движење Девлет Бахчели рече дека тој му телефониран на премиерот по веста за ударот изразувајќи поддршка за слободната волја на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top