Американскиот претседател Барак Обама испрати честитка до православните христијани низ светот, во која предупредува на прогонот на православните во повеќе земји во Блискиот Исток.

– За милиони православни христијани ова е радосен празник, но и потсетник на жртвите кои Исус ги направи за да имаме вечен живот. Неговата одлука да одбере љубов, соочен со омраза, надеж соочен со очај, е пример кој секогаш треба да го следиме. Но, еднакво важно е да запомниме дека оваа година членови на православната заедница се соочени со прогонство и насилство, особено на Блискиот Исток и во Северна Африка. Со децении овој дел на светот беше збогатен со присуството на православните заедници во земји како Египет, Либан, Сирија и Ирак. Како нација, ние ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата на универзалните човечки права, како што е правото на вероисповед, пишува во велигденската порака на Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво


