Некои од настраданите во терористичките џихадистички напади од ланскиот 13-ти ноември во француската престолнина Париз ги загубиле своите блиски во нападот во Ница, во кој во четвртокот ноќта загинаа најмалку 84 луѓе а уште педесетина се во критична состојба објави во петокот здружението Life for Paris, објави „Макфакс“.
Вечерта на 13-ти ноември 2015 година три координирани групи терористи извршија серија напади во централното подрачје на Париз и неговото предградие Сен Дени. Во овој напад беа убиени 130 луѓе, а повеќе до 350 беа ранети.
„Ова е уште еден мал доказ за ужасот. Она, од што стравуваме, се случи. Ново масовно убиство (…) некои од настраданите веќе знаат дека ги загубиле своите блиски“, го цитира телевизијата BFM TV соопштението на една од заложниците на париската концертна сала „Батаклан“ и претседателка на здружението Life for Paris, Каролин Лангланд.
Во една анкета од февруари годинава, 64 отсто од Французите изјавиле оти сметат дека имигрантите од Африка и Блискиот исток негативно влијаат врз стапката на криминалот во земјата. Покрај тоа, голем дел од испитаниците – 67 проценти, сметале дека владата и медиумите необјективно ги претставуваат информациите за криминалитетот кај доселениците.
Напаѓачот од четвртокот вечерта во Ница е идентификуван како 31-годишниот Мухамед Ла(х)уеџа Бу(х)лел, по потекло до Тунис, од градот Мсакена, десетина километри од градот Сус, каде што минатата година џихадистите извршија смртоносен напад врз туристи во хотелски комплекс при што беа убиени триесетина странци.
Возачот на камион, кој последен пат го посетил пред четири години, според туниските разузнавачки служби, се залета во толпа луѓе кои ги следеа огнометот на познатото Англиско шеталиште во Ница по повод националниот празник Денот нападот на Бастилја, при што уби најмалку 84 лица, меѓу кои многу деца.
Булел бил оженет и татко на три деца. На француските власти им бил познат по прекршоци и како насилник, но не бил доведуван во поврзаност со радикали. И на туниските власти не им бил познат по радикални и исламистички ставови, изјави во петокот зизвор од туниските безбедносни структури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.