| четврток, 6 декември 2018 |

Имав 20 години кога Аркан ме силуваше, се редеа еден по друг задоволувајќи си ја страста!

Ужасна приказна на жена на која ѝ побелела косата на 21 година за време на војната во Босна. Нема зборови со кои може да се опише сета болка, целото понижување и стравот што го чувствувала. Жената наведена само со иницијали М.М. , од босанскиот град Бјелина, ја раскажува својата страшна исповед за нејзиното доживување за време на војната во Босна во 90-тите години на 20 век.

Нејзиниот расказ е еден од најужасните и ќе биде претставен на меѓународната конференција во Сараево.

Според неа, најголемите ѕверства ги вршеле резервистите што дошле од Србија, на кои им наредувал криминалецот Жељко Ражњатовиќ – Аркан.

– Тоа воопшто не беа луѓе, ме силуваа, еден, втор, трет… се редеа дивјачки задоволувајќи си ја страста, иако бев штотуку породена. Првпат ме силуваа во мојот дом, бев во безсознание, го направија тоа пред децата. Имав само 20 години кога почна мојот пекол – раскажува жената.

– Живеев со свекрвата, сопругот и нашите две деца. Во почетокот на април 1992 година во куќата упаднаа неколку брадати аркановци, го удрија мојот сопруг, тој загуби свест, а потоа ме нападнаа мене. Се разбудив целосно гола и облеана во крв. Лежев беспомошна, претепана, силувана, измачена и понижувана – се присетува жената.

Во тој момент таа си мислела дека тоа е најлошото што може да ѝ се случи, но не ни претставувала дека нејзиниот пекол допрва доаѓа.

– Со денови се редеа на мене, сè додека не паднев во безсознание. Шест месеци ме носеа кај Аркан, бев негова бела робинка. Сакаше постојано да ме носат кај него и постојано ми зборуваше: „Иста си како неа“, мислејќи на Светлана Ражњатовиќ – Цеца. Се изживуваше врз мене, сè додека не дојдев во беспомошна состојба и потоа ме предаваше на другите. Еден ден ми ја искуби целата коса, ја наврте мојата коса околу неговата рака и тегнеше додека не останав без коса. Ме сечеше по дојката со бајонет – раскажува М. М. пред босанското издание „Дневни аваз“.

Ја носеле кај војниците и им ја давале да ја силуваат.

– Не само што ме силуваат, ме тепаа и ме сечеа по телото. Насекаде имам лузни, изгаснати цигари по моето тело, по гениталиите… Сакам да го заборавам тоа, но не можам. Лузните по вратот, рацете, целото тело секој ден ме потсетуваат на тоа – се сеќава жената.

Нејзината голгота продолжува до 18 април 1993 година, кога била спасена од свој сосед Србин, пријател на нејзините родители, кој ја откупил за тогашни 5.600 германски марки.

– Отидовме во Тузла, каде нè сместија во бегалски камп. На 21 години бев целосно побелена, целосно опустошена, уништена, особено кога лекарот ми рече дека сум бремена. Не сакав да го родам тоа дете, не можев – низ солзи објаснува жената.

Денес таа е невработена, без средства за егзистенција.

– Не ми е лесно да зборувам. Денес сум 100 процентен инвалид и не можам да најдам работа. Живеам во Сараево со својот маж, кој не работи. Се храниме во општествена кујна. Редовно одам на психотерапевт. Во војната загубив 39 лица од моето семејството. Трипати сакав да се самоубијам. Среќна сум сега дека моите деца пораснаа, добри студенти се, иако живееме во еден руинирана стан, тие се благодарни на Бога што ме имаат – вели жената.

За преживеаниот ужас таа ќе зборува на конференција на Меѓународниот протокол за документирање и истрага на случаи на сексуално насилство за време на војната во Босна. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 300 учесници. Настанот е дел од иницијативата на поранешниот британски министер за надворешни работи Вилијам Хејг и Аџелина Џоли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top