„И понатаму ги сакам бакнежите на мама”, вака синот на Дејвид и Викторија Бекам, 13 годишниот Ромео, ја одбрани својата мајка објавувајки фотографија заедно со неа, веднаш по обвинувањата со кои се соочи пејачката и дизајнерка по селфито објавено на социјалните мрежи како ја бакнува Харпер во уста.
По оваа објава на малиот Бекам се крена лавина од коментари.
„Момчето никогаш не би требало да се послужи со социјалните мрежи за да ја одбрани својата мајка, но фактот дека го направи тоа, покажува колку добра работа направиле неговите родители”, е само еден од коментарите на овој потег на Ромео.
И останатите пишувања беа во тој дух, а и бројни мајки застанаа во одбрана на пејачката и дизајнерка, која инаку важи за ладна и незаинтересирана, поради фактот дека ретко се смее во јавноста.
Миленичката на славниот пар Бекам, преслатката Харпер, минатиот викенд го прослави својот 5-ти роденден, а за таа прилика гордите мајка и татко на своите социјални профили објавија преслатки фотки на кои ја бакнуваат Харпер и и посакуваат среќен роденден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст