Нестабилно време ќе продолжи и во првиот дел од ноќта и тогаш врнежи со грмежи ќе има во северните делови, а потоа врнежите до изутрина ќе се преместуваат кон исток.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно, значително посвежо и ветровито со повремен локален дожд. Претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Т-мин. од 13 до 19 а т-макс. 21 до 30 степени. УВ=6
Во Скопје исто така рано наутро со краткотраен дожд. Претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд. температурата од 17 до 26 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Утре претпладне врнежи ќе има претежно во источните делови, а попладне повремени врнежи ќе има во западните делови. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во наредните денови температурите постепено ќе растат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст