| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд пауза за разгледување на идеите, преговорите од Пржино продолжуваат во понеделник

По завршувањето на преговорите помеѓу партиите, американскиот амбасадор, Џес Бејли изјави дека денеска имало извесен напредок. Сепак, конечен договор засега нема. Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав велат дека оставаат простор партиите за време на викендот да размислат за опциите на маса и следната недела преговорите да продолжат.

Бејли во име на САД и ЕУ рече дека е оптимист дека кај партиите има политичка волја за решавање на отворените прашања, се со цел државата да продолжи напред.

Партиските претставници викендот ќе го искористат за консултации, а од понеделник повторно ќе преговараат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top