| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Инвестирани 470 милиони евра за патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион

Околу 470 милиони евра се инвестирани во патната инфраструктура во охридско-струшкиот регион, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Струга и струшко забележа дека главната инвестиција е во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, кој е во напредна фаза и треба да е готов до крајот на 2018 година.

– Се работи интензивно, ангажирани се огромен број работници, се пробива трасата и компаниите работат со полн ангажман на овој отприлика 50 – километарски автопат, рече Груевски.

Покрај овој автопат нагласи дека има и други крупни инвестиции во патната мрежа во овој регион како што е експресниот пат Охрид – Пештани и Требеништа – Струга кои треба да почнат да се градат кон средината на следната година.

– Значајно е да се спомене и обиколницата во Вевчани за која за две недели ќе почне постапката за изнаоѓање изведувач и ќе се вложат 23 милиони денари, а ќе биде многу значајна за жителите на Вевчани, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top