Бугарската полиција ја опколи централната џамија во Софија во рамките на акцијата за пронаоѓање нелегални eмигранти во центарот на главниот град, соопшти бугарското радио.
Во акцијата учествуваат десетици полицајци, при што се блокирани околните крстосници. Во операцијата се вклучени и полициски кучиња. Според првичните информации, полицијата досега уапсила пет лица, меѓу кои и двајца жители на Бенин, кои биле спроведени во полициска станица.
Од бугарското МВР не соопштуваат повеќе информации за акцијата и дали на некој начин е поврзана со нападот во Ница, пишуваат бугарските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)