| четврток, 6 декември 2018 |

Нема сообраќај по 20 часот околу скопскиот храм „Климент Охридски“

Поради празнување на Велигденските празници, вечерва од 20 часот, до завршување на свеченоста ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булевар „ВМРО“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“. Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул. „Димитрие Чуповски“; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“; ул. „Франклин Рузвелт“;

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насоката исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул. „Франклин Рузвелт“; ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“; ул. „Димитрија Чуповски“; ул. „11 Октомври“, притоа вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и користејќи ги постојните автобуски стојалишта.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top