| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов 43. Галичка свадба, не­ве­стин­ска­та но­си­ја – рај за очи­те

Впе­чат­ли­ви бои, ср­ма, ка­ди­фе, пре­у­бав на­кит ја кра­сат га­лич­ка­та не­ве­ста, ко­ја гор­до го но­си еле­кот из­ве­зен со ср­ма и укра­сен со сре­бре­ни коп­чи­ња

Нај­поз­на­та­та свад­ба во Ма­ке­до­ни­ја е га­лич­ка­та, ко­ја го­ди­на­ва по 43. пат ќе се одр­жи на 16 и на 17 ју­ли, а за  но­си­ја­та на га­ли­чан­ки­те се ве­ли де­ка е ед­на од нај­у­ни­кат­ни­те и нај­поз­на­ти во свет­ски рам­ки.

Ви­стин­ски рај за очи­те е не­ве­стин­ска­та но­си­ја за га­лич­ка­та свад­ба. Впе­чат­ли­ви бои, ср­ма, ка­ди­фе, пре­у­бав на­кит ја кра­сат га­лич­ка­та не­ве­ста, ко­ја гор­до го но­си еле­кот из­ве­зен со ср­ма и укра­сен со сре­бре­ни коп­чи­ња.

„Ех, че­ти­ри си­на одг­ле­дав со тие па­фти. Си­те ги шко­лу­вав, фа­кул­тет за­вр­ши­ја, лу­ѓе ста­наа. Оста­нав вдо­ви­ца мно­гу мла­да, мо­рав да се сна­о­ѓам. Ра­бо­тев, ама па­ри­те не сти­гаа. Но­си­ја­та си ја имав, но ка­ко што рас­теа де­ца­та, бро­јот на па­фти­те се на­ма­лу­ва­ше. Но, за сре­ќа, оста­наа до­вол­но за да мо­жам да им по­де­лам и на вну­ци­те, да се се­ќа­ва­ат на Га­лич­ник и да има и за на еле­кот“. Ова е при­каз­на од ед­но га­лич­ко се­мејс­тво, кое мо­ра­ло да го на­пу­шти се­ло­то и да се пре­се­ли во гра­дот и та­му да ја ба­ра ег­зи­стен­ци­ја­та. Ва­ква и слич­на при­каз­на че­сто се пре­ра­ска­жу­ва кај га­ли­ча­ни. Тоа го­во­ри за фа­ктот ка­ко се чу­ва­ле но­си­и­те и ка­ко се тро­шел на­ки­тот од но­си­ја­та во по­во­е­но вре­ме, ко­га лу­ѓе­то го на­пу­шта­ле Га­лич­ник и се се­ле­ле во Скоп­је. Дел од нив уште ја чу­ва­ат и ма­шка­та и жен­ска­та но­си­ја во сво­и­те ор­ма­ни, об­ле­ка со ко­ја нив­ни­те ба­би и де­дов­ци се вен­ча­ва­ле на Пе­тров­ден во Га­лич­ник. Гор­ди на по­тек­ло­то, среќ­ни де­ка во сво­јот дом има­ат ба­рем не­што за­чу­ва­но од кул­тур­но­то нас­ледс­тво­то, кое од ко­ле­но на ко­ле­но се пре­не­су­ва ме­ѓу га­ли­ча­ни.

galicka-svadba-nosii-4

Жен­ска­та га­лич­ка но­си­ја се од­ли­ку­ва со не­во­о­би­ча­е­но бо­гат­ство на де­та­ли. Пре­ов­ла­ду­ва­ат бе­ла­та, жол­та­та и цр­ве­на­та бо­ја. Со­ста­ве­на од здо­лан­че, кое се но­се­ло ме­сто дол­га ко­шу­ла или фа­не­ла со ка­ро. Мин­та­нот е из­ве­зен со цр­ве­но ка­ди­фе и со гај­та­ни и се ко­ри­сти ка­ко дол­на по­јас­на об­ле­ка, ко­шу­ла изра­бо­те­на од бе­ло тен­ко до­маш­но плат­но со бо­га­ти еле­мен­ти и де­та­ли и со впе­чат­ли­ви ни­јан­си на цр­ве­на и на бо­и­те на ср­ма­та – жол­та, мо­дра, зе­ле­на, сре­бре­на и злат­на. Ра­ка­ви­ци­те се изра­бо­те­ни од ср­мен вез, елек на­пра­вен од до­маш­но тка­е­но плат­но, до­ла­ма­та, ко­ја прет­ста­ву­ва гор­на об­ле­ка, кла­ше­ник – што е гор­на об­ле­ка до ко­ле­на­та. Во но­си­ја­та има и по­ја­си, чо­ра­пи, опин­ци, пле­те­ни­ци и скут­ни­ца. Има и ко­жув­че што прет­ста­ву­ва об­ле­ка до по­ја­сот без ра­ка­ви, изра­бо­те­на од ов­ча ко­жа и не­ве­стин­ска ску­ти­на, ко­ја уште се на­ре­ку­ва и кив­че­на бов­ча на ко­ја има впе­чат­ли­ви де­та­ли рач­но изра­бо­те­ни и на­ки­те­ни со гај­та­ни.

На­ки­тот на но­си­ја­та е по­себ­на при­каз­на. Со­ста­вен е од син­џи­ри од сре­бре­ни па­ри, сре­бре­ни укра­си.

Ма­шка­та но­си­ја со се­бе ги но­си си­те обе­леж­ја на пла­нин­ско-сто­чар­ска­та но­си­ја на­пра­ве­на од де­бе­ла вол­не­на клаш­на. По­крај ко­шу­ла­та, ко­ја е на­пра­ве­на од тен­ко до­маш­но плат­но, со­др­жи го­лем број еле­мен­ти ка­ко што се џа­ма­дан или мин­тан што е гор­на до­по­јас­на об­ле­ка на ла­кти­те укра­се­на со де­ко­ра­тив­ни до­да­то­ци, беч­ви што се но­се­ле под сто­ма­кот и кои од сре­ди­на­та на ли­сто­ви­те до глуж­до­ви­те се за­коп­чу­ва­ат со коп­ци, а под ко­ле­на­та се сте­га­ат со по­тко­лен­ки, по­јас изра­бо­тен од чи­ста вол­на и до­ла­ма­та, ко­ја е, всуш­ност, гор­на праз­нич­на об­ле­ка од бе­ла клаш­на, тес­на на гор­ни­от дел и ши­ро­ка од по­ло­ви­на­та на­до­лу, укра­се­на со цр­ни гај­та­ни. Ма­шка­та но­си­ја уште има и опин­ци и на­кит за на гра­ди.

galicka-svadba-nosii-5

За раз­ли­ка од по­ра­но, ко­га на Пе­тров­ден се скло­пу­ва­ле и по­ве­ќе од 40 бра­ка, де­нес свад­ба­та има по­ве­ќе кул­тур­но зна­че­ње и е еден вид кул­тур­на ма­ни­фе­ста­ци­ја.

Га­лич­ник де­нес жи­вее од мај до октм­ври и во не­го пре­сто­ју­ва­ат најм­но­гу пен­зи­о­не­ри со сво­и­те вну­ци. Но, за Га­лич­ка­та свад­ба се­ко­гаш е пре­пол­но и се ба­ра ме­сто по­ве­ќе.

Го­ди­наш­ни мла­ден­ци се Сан­дра и Але­ксан­дар

galicka-2-

Сан­дра Стан­ко­виќ и Але­ксан­дар Ри­сте­ски се го­ди­наш­ни­те мла­ден­ци на 43. из­да­ние на Га­лич­ка свад­ба, ко­ја ќе се одр­жи на 16 и на 17 ју­ли. Свад­ба­та во­о­би­ча­е­но е на Пе­тров­ден, на 12 ју­ли, но оваа го­ди­на се по­ме­сту­ва за ви­кен­дот по Пе­тров­ден.

Не­ве­ста­та има по­тек­ло од Га­лич­ник. Неј­зи­на­та мај­ка и неј­зи­ни­от де­до по­тек­ну­ва­ат од се­мејс­тво­то Дрен­ков­ски, а таа до­се­га учес­тву­ва­ла на не­кол­ку га­лич­ки ма­ни­фе­ста­ции об­ле­че­на во мо­мин­ска но­си­ја. Се­га ед­вај че­ка да ја об­ле­че не­ве­стин­ска­та но­си­ја.

Сан­дра и Але­ксан­дар се де­сет го­ди­ни во вр­ска и се­кое ле­то при­сус­тву­ва­ле на оваа ма­ни­фе­ста­ци­ја. Оду­ше­ве­ни се од ат­мо­сфе­ра­та и се­га со не­тр­пе­ние го че­ка­ат нив­ни­от ден. Вен­ча­вка­та е во цр­ква­та „Све­ти Пе­тар и Пав­ле“.

Со три от­стре­ли од пу­шка на 16 ју­ли поч­ну­ва тра­ди­ци­о­нал­на­та Га­лич­ка свад­ба

galicka-svadba-nosii-3

Со три от­стре­ли од пу­шка на 16 ју­ли поч­ну­ва тра­ди­ци­о­нал­на­та Га­лич­ка свад­ба. Оби­ча­и­те поч­ну­ва­ат в са­бо­та поп­лад­не, ко­га со та­па­ни и со зур­ли се пре­че­ку­ва­ат го­сти­те. Се пе­ат га­лич­ки свад­бар­ски пес­ни, се игра­ат „Све­кр­ви­но оро“ и „Те­шко­то“ на чеш­ма­та „Упи­ја“. Се ки­ти мла­до­же­не­цот, се ре­ди ба­јра­кот, не­ве­ста­та оди по во­да. Со во­да од два ѓу­ма до­ма си ја мие ко­са­та и овој оби­чај се ви­ка пос­лед­но мај­ки­но ми­е­ње. След­ни­от ден, ра­но на­у­тро се ка­нат мр­тви­те, по­тоа и ку­мот. Се бри­чи зе­тот на сре­тсе­ло и по­тоа се трг­ну­ва по не­ве­ста­та. Таа го че­ка во ку­ќа­та и пре­ку пр­сте­нот го гле­да и ве­ли „Низ пр­стен те гле­да, в ср­це да ти вле­за“. Сле­ду­ва да­ру­ва­ње­то на не­ве­ста­та, ка­чу­ва­ње­то на коњ и то­ва­ре­ње­то на ков­че­зи­те со неј­зи­на­та ру­ба. Све­кр­ва­та ја пре­че­ку­ва со си­то, по­га­ча и со бо­кал ви­но и таа вле­гу­ва во но­ви­от дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top