Францускиот пратеник Кристоф Према бил на прославата на Денот на падот на Бастилја во Ница со своето семејство, но и со стотици други луѓе. Според неговата изјава тој верува дека животот му го спасила една шолја кафе.
Неговата сопруга посакала да седнат некаде во некој ресторан да се напијат кафе на патот до дома и тие одбрале некое ресторанче. Тоа им го спасило животот.
Еден Египќанец кој е на годишен одмор во Ница за „Ен-би0си“ изјави дека се нашол лице в лице со возачот на камионот што уби 84 лица, а повеќе од 150 се повредени. Четириесет лица се во критична состојба.
– Почнав да му мавтам со раката, викав: Застани, има девојче под камионот. Ми се пристори дека посегнува за мобилниот телефон и тогаш се ми се чинеше дека станува збор за несреќен случај, но тогаш видов дека вади пиштол. Сфатив дека се ќе тргне наопаку. Тогаш дојдоа полицајците и почнаа да пукаат кон него – изјави надар ел Шафеи поранешен банкар, родум од Каиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


