Кратко откако се случи нападот во Ница, медиумите јавија за пожар кај Ајфеловата кула, што предизвика дополнителна вознемиреност. Сепак, париската полиција соопшти дека покрај Ајфеловата кула (а не во неа, како што беше објавено), се запалил камион со огномет и ја замоли јавноста да не шири дезинформации.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од густ црн чад околу Ајфеловата кула, но полицијата брзо интервенираше и не се создаде дополнителна паника.
-Не ширете дезинформации, нема пожар во Ајфеловата кула, пожарот случајно избил во камион со огномет и сега е изгаснат – објави полицијата на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)