При контрола на патник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, мобилен царински тим вчера открил 22 златника со вредност од околу 12 илјади долари.
Како што соопшти Царинската управа на РМ, вчера околу 17:00 часот на аеродромот во Скопје, за влез во Македонија со лет од Рим се пријавило лице со иницијали Н.Р., македонски државјанин од Кичево. И покрај тоа што лицето се упатило кон зелен канал каде одат патници кои немаат ништо за пријавување, селектирано е за царинска контрола.
– При контрола на личниот багаж, во патна торба помеѓу личните предмети завиткани во хартиена кеса, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи пронајдоа 22 златници со вкупна тежина од 307 грама. Вкупната вредност на златниците според пронајдената фактура изнесува 11.645 американски долари или околу 647.578 денари, стои во соопштението.
Непријавените златници се привремено задржани, а против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


