Се воведуваат четири категории на водата за капење. Изработен е нов правилник од страна на поголема експертска група, кој е во согласност со европските директив Површинските води што со досегашната категоризација не беа за пиење и за капење и според квалитетот припаѓаа на трета категорија, со новиот правилник за управување води за капење, стануваат води со одлична состојба и се препорачуваат за капење. Правилникот е објавен во „Службен весник“ и влегува во сила осум дена по објавувањето на одлуката, пишува „Вест“.
Д-р Михаил Кочубовски од Институт за јавно здравје објаснува дека со новиот правилник, кој влегува во сила осум дена по објавување во „Службен весник“, се поместени и параметрите, односно количеството бактерии, според кои се одредува дали одредена вода е безбедна за капење.
– Со новиот правилник, сменети се граничните вредности за количеството на бактериите ентероки, а воведена е и бактеријата ешерихија коли како параметар, со кои се одредува дали одредена вода е безбедна за капење или не. Разликата меѓу досегашните и новите параметри практично значи дека тоа што досега било вода од трета категорија и била забранета за капење, сега е вода со одлична состојба. Со овој правилник сега се воведуваат четири категории вода за капење, односно вода со состојба одлична, добра, задоволителна и незадоволителна. Само водите со незадоволителна состојба не се за капење. Тоа не значи дека оваа вода е безбедна за пиење, туку само за капење. Таа со задоволителна состојба може да се користи за капење, но мора да се преземат мерки за внимателност, во согласност со директивите ЕУ – вели д-р Кочубовски за „Вест“.
Тој објасни дека има нова уредба за квалитетот на површинските води, со која не се опфаќа квалитетот на водите за пиење и за капење, односно дека тие се третираат со посебни правилници.
Правилникот бил подготвуван подолг период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


