| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца прозборе за Воин Ражнатовиќ: Сакале тој или не, ние сме семејство!

Светлана Цеца Ражнатовиќ долг период ги трпела навредите од Воин Ражнатовиќ, синот на нејзиниот покоен сопруг Жељко.

Воин дури подготвуваше и книга каде што на најлош начин ќе ја претстави Цеца и нејзиното семејство, но неодамна решил да се откаже од се.

Никогаш не сум ги коментирала семејните работи, нема ниту денес бидејќи сметам дека тоа мора да остане во кругот на семејството. Сакале или не, ние сме семејство. Тоа е нераскинлива крвна врска. Можам јас да се омажам уште три пати, но тие и понатаму ќе бидат крвно поврзани. За се што е поврзано со Жељко и што е дел од него, никогаш во животот нема да излезе лошо од моја уста. Никогаш тоа не би си го дозволила, рекла пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top