| четврток, 6 декември 2018 |

Мачо-мажите не им веруваат на докторки

Припадниците на посилниот пол поретко одат на лекар и избираат мажи лекари верувајќи дека тие се постручни од жените во бел мантил.

Зошто мажите живеат покусо од жените, е прашање за кое научниците понудија низа одговори, како поголема употреба на дрога, алкохол и цигари, до поголема изложеност на насилство.

Но, психолозите од Универзитетот „Ратгерс“, вината ја пронајдоа во мачо-ставот.

По низ интервјуа со жени и мажи, истражувачите утврдиле дека припадницте на посилниот пол поретко одат на лекар.

Најмалку доктор посетиле мачо-момците кои верувале дека во случај на здравствени проблеми треба да бидат јаки, храбри и дека така ќе им помине.

Како што велат научниците, мажите се воспитани да бидат силни и да не покажуваат слабост пред другите, дури и другиот да е професионалец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top