Светлана Цеца Ражњатовиќ искрено проговори за своите деца, Вељко и Анастасија, за нивното детство и за начинот на кој ги воспитала.
– Моите деца воспитани се да не чуствуваат мразење кон никого. Се трудев во нив да внесам само љубов. Тие сепак се пораснати со голем хендикеп, без еден родител. Сите се трудевме на некој начин да го надоместиме тоа што немаа татко покрај себе – рекла Цеца.
Како некој кој е навикнат на лошата страна од славата, Цеца нејзините деца ги научила како да се изборат со секаквите приказни.
– Имавме криза кога имаа 14 и 15 години. Бурно реагираа кога бев напаѓана. Тоа за нив беа огромни трауми но со долги и тешки разговори успеавме се да им објасниме дека некои луѓе не се вреди за внимание, дека постојат луѓе кои не се вреди за живот. Додека тоа го објаснив и кога сфатија јас повеќе немам такви проблеми. Просто тоа е вежба, огромна вежба – рекла фолк дивата.
Цеца додала дека во нејзиниото семејство нема тајни.
– Мора да се разговара дури иако темите се непријатни. Никој не сака да зборува за нив, сите би ги ставиле по тепих, но сепак тие растат и можеме да се сопнеме од нив. Кај мене се зборува за се и сешто, било тоа животни пртоблеми или љубовни маки, се се става на маса. Дури и јас нив ги прашувам за совет, верувале или не – рекла Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Син ми е млад за брак, но тоа е само формалност: Цеца сурово искрена!
-
Најголемиот хит на Цеца не е посветен на Аркан, туку на овој познат Србин со коj за малку не се омажила! (галерија)
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата