| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за убиство во црква во Гевгелија

Непознато лице вчера во периодот од 15 до 15.30 часот се обидело да ја убие 64-годишната З.Б. од Гевгелија.

Настанот се случил во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија кога сторителот со врвца од обувка се обидел да ја удави жената, а откако не успеал со тупаници почнал да ја удира по главата, по што избегал.

Жената со тешки повреди по укажаната лекарска помош во гевгелиската болница каде што ѝ се констатирани подливи и крварење во мозокот, е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top