Исламска држава нуди награда од 50.000 долари за главата на самопрогласениот ловец на емигранти, кој организира локални патроли за да ги ловат нелегалните азиланти на територијата на Бугарија, пренесува „Дејли мејл“.
29-годишниот Динко Валев користи две оклопни возила за патролирање на територијата кај градот Јамбол, во близина на границата меѓу Турција и Бугарија.
Бугарската Државна агенција за национална безбедност го предупредила дека тој станал цел на терористите. Нивни агент тврди дека го има на листа на имиња за кои ИСИС нуди награда, која би била исплатена кога ќе се покаже видео или фотографија од делото.
Информацијата за наградата на ИСИС ја имало на неколку исламистички интернет страници кои наводно се спонзорирани од терористички организации. Валев во тие написи е опишан како „водач на паравоена единица која оперира на бугарско-турската граница заедно со десетина други мажи“.
Се смета дека ИСИС дава награда за Валев затоа што сака да се претстави како заштитник на емигрантите од Блискиот Исток, особено на муслиманите, и се надева дека ќе регрутира дел од нив за терористички операции низ Европа.
Бугаринот, пак, тврди дека воопшто не е уплашен од заканата. Тој изјавил дека ги смета сите нелегални емигранти за џихадисти и ги отфрли тврдењата дека ги мачи своите заробеници.
– Би го опишал ова како спортска активност. А спортот не можете да го окарактеризирате како насилство – изјавил Валев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти