| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Нашата надворешна политика денес е жртва на внатрешно-политичките предизвици

Било каква несериозност и неизвесност ни ја зголемува цената. Не би се обложувал дека странците треба да ги решат работите за нас, ниту пак да бидат гарантори. Со сериозност и волја треба да си ги решиме работите сами, изјави Попоски за ТВ Нова

-Нашата надворешна политика денес е жртва на внатрешно-политичките предизвици. Сè е ставено во контекст на условите за надминување на политичката криза. Мора да добиеме сериозни јавни гаранции од опозицијата за избори. Било каква несериозност и неизвесност ни ја зголемува цената. Не би се обложувал дека странците треба да ги решат работите за нас, ниту пак да бидат гарантори. Со сериозност и волја треба да си ги решиме работите сами – изјави Никола Попоски, вицепремиер и министер за надворешни работи за ТВ Нова.

Според него, Ние како држава ќе плаќаме цена ако не најдеме решение за политичката криза.

Тој додава дека не треба да ни се случи уште една епизода во која најголемата опозициска партија ја става државата во неизвесност, избегнувајќи изборен процес во последен момент.

-Секоја помош од страна треба да се преточи во нивни притисок за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ, потенцира Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top