Македонските каратисти продолжуваат со успешен настап на третите Европски универзитетски игри што се одржуваат во Хрватска.
Откако вчера женскиот карате тим кој настапува за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, во борби го освои бронзениот медал, веќе денеска обезбедија нов медал.
Имено, Симона Заборска се пласира во финалето на турнирот во борби, во категоријата до 61 килограм. До финалето Заборска извојува три победи и златниот медал ќе се бори утре, а Сара Радичевска за бронзениот.
Можност за освојување на медал ќе има Сара Радичевска во категоријата – 50 килограми. Покрај Сара, шанса за бронзен медал ќе имаат и каратистите Мартин Несторовски (+84 кг) и Семир Ќосовиќ (+84 кг).
Покрај каратето, на Универзијадата во Хрватска, која се одржува во Загреб и Ријека, а која ќе трае до 25 јули, ќе се одржуваат натпревари уште во дваесет спортови.
На игрите ќе настпуваат натпреварувачи од 41 држава, а Македонија ја претставуваат студентите од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј’’.
Иако игрите веќе започнаа, сепак вечерва од 21 часот е свеченото отворање на стадионот „Максимир’’ во Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.