| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер побара од Меј што е можно побрзо да започнат преговорите за излез на Британија од ЕУ

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер го поздрави именувањето на Тереза Меј за нов британски премиер и побара од неа што е можно побрзо да ги започне преговорите за излез на земјата од Унијата.

– Резултатите од референдумот во Велика Британија создадоа нова ситуација, на која Британија и ЕУ треба што е можно побрзо да одговорат. Со нетрпение очекувам тесно да соработувам со Вас и да ги дознаам намерите по ова прашање, пишува Јункер во писмото до новиот британски премиер.

Тереза Меј беше поздравена и од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тој во кратко писмо истакна дека со нетрпение очекува да се сретне со новиот британски премиер во Советот.

– Откако лидерското прашање во Велика Британија е решено, сега очекувам да работиме брзо со цел да гарантирам безбедност, напиша на Твитер претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top