Екипи на Катастарот од денеска до 15 октомври годинава ќе вршат теренско снимање на тромеѓето меѓу Македонија, Србија и Бугарија, од граничен столб 72 до граничен столб 106, во должина од 70 километри, како дел од активностите за комплетирање на граничната документација помеѓу Македонија и Бугарија.
За македонско-бугарската граница, во вкупна должина од 185 километри, е изготвена целосна документација за делот од граничниот столб 50 до граничниот столб 72 во должина од 45 километри. За следната година, информираат од Катастарот, е планирано да се заврши окументацијата и за преостанатите 70 километри.
Теренските работи заедно со ортофото снимањето ќе ги извршуваат стручни лица од Агенцијата за катастар на недвижности со најсовремена ГНСС (глобален навигациски сателитски систем) опрема и користење на МАКПОС (мрежа на перманентни ГНСС станици) системот.
Активностите за премерот се согласно обврските од Спогодбата за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните белези на македонско – бугарската државна граница.
Предмет на премерот на државната граница е означување и прибирање просторни и описни податоци за граничните точки. При премерот на државната граница се изготвува ортофото план, а за извршениот премер на државната граница се изготвува и геодетски елаборат во кој е содржана геодетско техничката документација.
Република Македонија, потенцираат од Катастарот, е единствена од поранешните југословенски републики со решени државни граници со соседните држави. За државната граница со Република Грција граничната документација е изработена во 1987 година, а за државната граница со Република Србија и Република Косово границата е обележена и за неа е изготвена најсовремена гранична документација заклучно со 2012 година. Државната граница со Република Албанија и Република Бугарија е дефинирана, но за неа не постои гранична документација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст