Британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд предупреди дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија би можело да се случи дури во 2022-ра година.
„Дејли Телеграф” вчера пренесе дека Хамонд објаснил дека преговорите за британското напуштање на Европската унија ќе можат да започнат дури кога ќе се активира членот 50 од Лисабонскиот договор и тој процес би траел две години. Сепак, за иднинте договори да бидат постигнати би требало да поминат дополнителни четири години.
Британскиот дневник пренесува дека Хамонд тоа го кажал одговарајќи на прашањето на лидерот на Шкотската национална партија Алекс Салмонд кој го поставил прашањето: Дали преговорите за Брегзит ќе траат подолго од Втората светска војна?
-Доколку идниот договор помеѓу Обединетото кралство и Европската унија со 27 држави членки биде смислен како договор од мешовита надлежност, ќе биде потребна негова ратификација во 27 национални парламенти“, изјавил британскиот министер за надворешни работи и додал:
-Најкраткото време потребно за сето тоа да биде изведено е нешто помалку од четири години. Тоа се случува после времето кое е потребно за преговарање за договорот“, изјавил Хамонд.
„Дејли Телеграф“ потсетува дека идната британска премиерка Тереза Меј ја повторила својата посветеност на напуштањето на Велика Британија на Европската унија, нагласувајќи дека „Брегзит значи Брегзит“.
Иако на Британците се чини дека не им се брза, сепак германската канцеларка Ангела Меркел неодамна ги повика Британците да не одолговлекуваат, односно веднаш по именувањето на новиот премиер да се повикаат на членот 50 од Лисабонскиот договор и да започне процесот за напуштање на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст