Малолетно момче, турист од Британија, под дејство на алкохол, насилно украл возило на брза помош на грчкиот острив Закинтос и сеел страв меѓу жителите и туристите.
За среќа, не повредил никој, но предизвикал материјална штета на 7 автомобили и 1 мотор. Според медиумите од островот, младиот Британец кој бил на одмор на Закинтос, насилно го извадил возачот на брзата помош, го турнал, влегол во возилото и започнал да го вози.
Удрил во низа паркирани автомобили, а за малку ќе влезел со брзата помош во ноќен клуб. Успеал да го запре возилото на влезот, а веднаш пристигнала и полицијата.
Пијаниот Британец бил уапсен за насилство, нарушување на јавниот ред и мир, за возење без дозвола и под дејство на алкохол, откако бил изведен пред јавен обвинител, бил ослободен бидејќи станува збор за малолетно лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст