| четврток, 6 декември 2018 |

Мигранти со брод се превртеа кај Лезбос, се удави девојче

Трагедија се случи утрово во близина на островот Лезбос, кога брод кој пренесуваше околу 10 бегалци се преврте при што се удави шестгодишно девојче.

Грчката крајбрежна стража успеа да спаси четворица од луѓето кои биле на бродот. Крајбрежната стража и еден воен хеликоптер и понатаму трагаат по другите луѓе кои биле на бродот. Се смета дека поради силен ветер бродот се превртел.

Крајбрежната стража денеска забележала уште два гумени чамци кои пренесувале околу 90 бегалци, но тие безбедно стигнале до брегот.

Островот е главна влезна точка за стотици илјади мигранти и бегалци чија крајна цел е западна Европа.
Но, нивниот број секојдневно се намалува, поради договорот за нивно запирање меѓу ЕУ и Турција, потпишан во март годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top