| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја чест, го победи ракот и ќе патува за Рио

inge deker

Една од најдобрите холандски пливачки Инге Декер се излекува од ракот на матката и ќе настапи на Летните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро. Одличната 30-годишна Декер во февруари дозна дека боледува од опасната болест, но по само еден месец беше на операција. Нејзиното оборавување оди одлично и таа успеа дури да се подготви и за настап на ЛОИ во Рио.

– Веста дека имам рак на матката беше шокантна. Три години тренирав за настап на Рио, а потоа наеднаш дознавам така лоша вест. Целата моја сила ја пренасочив кон опоравување и во ниту еден момент не сакав да се откажам од настап на Игрите – рече Декер.

За Холанѓанката ова ќе биде четврти настап на ЛОИ. Беше дел од Игрите во Атина, во Пекинг и во Лондон, а сега ќе се појави и во Рио. Има освоено три медали, во штафетата на 4 пати по 100 метри. Во Пекинг беше златото на нејзините гради, во Лондон беше сребрена, а во Атина го освои бронзениот медал. Во Рио ќе настапи во три дисциплини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top