| четврток, 6 декември 2018 |

Што ги поврзува Ана и Амал, невестите направиле неколку исти нешта

Ана Ивановиќ денес склучи граѓански брак со Бастијан Швајнштајгер во Венеција. А пред две години во романтичниот италијански град своето судбоносно “да” го кажаа и Амал и Џорџ Клуни.
Светскиот центар на љубовта и романтиката на брачниот пар Клуни му донесе многу среќа, па да се надеваме дека исто толкава среќа ќе им донесе на Ана и Швајнштајгер.

vencavka

А освен што Ана и Амал ја избраа Венеција за својата венчавка, тие две заедно со партнерите го избраа и истиот хотел за прослава, хотелот Aman Canal Grande, со седум ѕвездички.

Во Сити Хол во Венеција тие го склучија својот граѓански брак. Оваа зграда е направена во 16-от век.

И Амал и Џорџ, како и Ана и Швајнштајгер еден ден му посветија на граѓанскиот, а друг на црковната венчавка, само со поинаков распоред. Амал и Џорџ пак најпрво склопија црковен брак, а потоа граѓански брак, додека Ана и Швајнштајгер ќе одат со обратен редослед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top